Високи штикли, нова фризура и јака шминка: Кралицата Летиција не се грижи за критиките (ФОТО)

profimedia

Шпанската кралица Летиција последниве месеци константно е на тапетот на модните критичари и на јавноста поради модните комбинации, кои мноигумина ги сметаат за неприкладни за жена од нејзиниот општествен статус.

По голиот грб и премногу смелите фустани, Летиција сега го привлече вниманието со изборот на обувките, кои според мислењата на многумина не се соодварни за една членка на кралското семејство. Непишано правило е членките на кралското семејство никогаш да не носат обувки што ги откриваат прстите.

Profimedia

Станува збор за сандали со вртоглаво висока потпетица, кои изгледаат како да ѝ се еден број поголеми – трик на жените со помош на кој избегнуваат создавање на плускавци на стапалата. Сандалите ги носела како финален детаљ покрај преубаваиот црн фустан со златни цветови и црната торбичка со златни детали.

Profimedia

Освен поради обувките, кралицата е искритикувана и за шминката, која била појака од што било потребно, иако станува збор за вечерен настан.

Новата фризура на Летиција остави позитивен впечаток. Косата што ѝ беше со средна должина ја скратила во „боб“, и мора да признаеме дека убаво ѝ стои.

profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот