Високи функционери на австриската народна партија бараат од „Курц целосно да се повлече“ од политиката

Австрискиот канцелар Себастијан Курц си поднесе оставка/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Гувернерот на австриската провинција Тирол, Гинтер Платер, по оставката на Себастијан Курц поради истрагата започната против поранешниот канцелар поради корупција и поткуп, е првиот политичар од Курцовата народна партија (ОВП) што одлучи да се дистанцира од него.

Иако Платер првично се залагаше Курц да остане на функцијата канцелар, сега смета дека обвинувањата против водачот на ОВП се тешки. Во изјава за весникот „Тиролер тагесцајтунг“, тој побара од новиот канцелар Александар Сасаленберг да ја води владата „без влијание, и според своја политичка агенда и идеја“.

– По изборот на Курц за шеф на парламентарниот клуб на ОВП во парламентот, важно е секој да ги извршува своите задачи во иднина – рече тој.

Платер посочува дека е важно за Шаленберг сега да ги постави потребните насоки и јасно да ја дефинира независната политика на неговата влада. Тој очекува дека, по кризата, сега ќе следи смирување на тензиите во владата и дека засега нема потреба од спроведување предвремени избори .

Курц беше остро нападнат и од неколку други високи функционери на партијата , кои сметаат дека тој треба целосно да се повлече.

– Веќе се зборува дека ќе има канцелар од сенка и дека тоа ќе биде токму Курц. Заради новиот почеток во ОВП и владата, Курц треба веднаш да ја предаде власта – вели претседателот на Тиролската работна комора, Ервин Кангерл, кој е дел од високите функционери на ОВП

Во истрагата против поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц за корупција и поткуп, беше уапсена и ДИК Клучната фигура , односно истражителката на јавното мислење Забина Бајншаб

Таа е обвинета дека : Фалсификувала истражување во корист на поранешниот канцелар
Весникот „Кронен цајтунг“ пишува дека Бејнсхаб е уапсена, и дека таа е клучна личност во аферата околу Курц во врска со лажните анкети на јавното мислење.

Видео на денот