Висока мода, фатени за рака, семејна идила – Еве како изгледаа денеска кандидатите за премиер на Косово (ФОТО)

Коха Јоне

Освен обичните граѓани на Косово, денеска гласаа и кандидатите именувани за премиери од страна на политичките субјекти.

Во оваа трка влегоа четворица мажи и една жена. При денешното гласањето сите беа облечени во висок стил, но сепак нивната поубава половина привлече најголемо внимание во јавноста.

Кадри и Виолета Весели

Кадри Весели е кандидат за премиер од редовите на Демократската партија на Косово,  а тој денеска гласаше заедно со сопругата Виолета. Тој беше облечен во елегантен костим со потемна боја, додека поубавата половина, Виолета, дефинитвно денеска му ја украде “славатa”. Нејзиониот плав костим, на кој изгледаше прекрасно, го привлече вниманието на сите.

Газета Монитор

Албин Курти и Рита Аугестат Кндусен

Кандидатот за премиер на Косово од редовите на Самоопределување, Албин Курти во друштво на неговата сопруга и ќеркичката, испратија прекрсна семејна фотографија од денешните избори.

Курти беше облечен во сив костим, а неговата сопруга која потекнува од Норвешка, беше облечена во црно бела комбинација, која ја правеше вистинска дама.

Телеграфи

Рамуш Харадинај и Анита Мучај Харадинај

Кандидатот за премиер од коалицијата Алијансата за иднина на Косово и Социјал-демократската партија, Рамуш Харадинај во друштво на неговата сопруга Анита, гласаа во Приштина. Како и воопбичаено, парот Харадинај беа во форма и секако Анита изгледаше прекрасно со модните парчиња кои ги носеше. Рамуш избра темен костим, но поубавата половина се појави во поотворени бои.

Фејсбук

Вјоса Османи и Приндон Садриу

Како што спомнавме, на овие избори има за прв пат и жена кандидатка за премиер на Косово. Вјоса Османи од Демократскиот сојуз на Косово заедно со нејзиниот сопруг Приндон Садриу на изборите се појавија фатени за рака. А Вјоса дефинитивно блескаше во црниот фустан комбиниран со бела боја, но изгледа дека и сопругот одлучил да ја следи, заоа што се појави во потемни бои.

Коха Јоне

Фатмир Лимај

Од сликите што ги објавија косовските медиуми Фатмир Лимај, исто така еден од кандидатите за премиер на Косово  од Иницијатива и АНК, се појави сам на гласањето. Но сепак и на него не му недостасуваа модните детали. Тој денеска изгледаше во по лежерно издание, дури не носеше ниту кравата.

Стандард

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот