Висок функционер на ЕМА: Постои поврзаност меѓу крвните згрутчувања и вакцината на „Астра-Зенека“

Фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra

Висок функционер на Европската агенција за лекови Марко Кавалери (ЕМА) денеска изјави дека, наводно, засега јасно е дека постои директна врска меѓу вакцината „Астра-Зенека“ и редок облик на крвни згрутчувања, но причината за тоа се уште не е целосно јасна, објави Франс прес, а пренесува британски Гардијан.

-По мое мислење, можеме да кажеме дека постои врска меѓу крвните згрутчувања и вакцините. Сепак, не знаеме што точно ја предизвикува оваа реакција, вели Кавалери.

Тој исто така изјавил за италијански „Ил Месиџеро“ дека официјална изјава за тоа ќе биде соопштено за јавноста за неколку часа.

Од ЕМА минатата недела беше соопштено дека наскоро ќе биде издадена дополнета верзија на препораки за употреба на вакцината на „Астра-Зенека“ на состанокот на одборот за безбедност на вакцини кој почнува денеска и трае се до петок.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот