Висок европски гостин во Албанија: Еврокомесарот за проширување Вархеји утре во Тирана

Фото: EPA-EFE/POOL / OLIVIER HOSLET / POOL

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји за утре попладне најави дека ќе отпатува во Тирана.

– Оливер Вархеји ќе го посети регионот оваа недела за да ги презентира годишните извештаи и економските планови за инвестиции. Тој утре попладне, околу 19.10 часот ќе биде во Тирана каде ќе се обрати пред парламентот и ќе се сретне со претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама. Ќе се сретне и со претседателот на Демократската партија Љуљзим Баша и соодветните стуктури за ветинг, напиша евроамбасадорот во Албанија, Луиџи Сореца.

Неговата посета доаѓа во важен момент кога усвојувањето на измените на Изборниот законик, без постигнат консензус, дополнително ја продлабочува политичката криза во Албанија. Утрешната посета на Вархеји на Тирана е втора по онаа на 16 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот