Вишокот на резерви стрмоглаво ја турнаа цената на нафтата

Саудиска Арабија и Русија се подготвуваат за искористување на сите расположливи средства и капацитети за производство, а ваквата „војна“ дополнително ќе ја намалува цената на црното злато.

Нафтата од видот брент на почетокот на месецов се тргуваше по цени од над 50 долари за барел, но светските текови и енормното производство ја преполовија оваа цена и сега барел нафта чини 27 долари.

Ваквиот след на настаните доаѓа како резултат на спорот помеѓу Саудиска Арабија и Русија околу производството на црно злато.

Картелот ОПЕК плус од април нема да се обврзува за намалување на квотите.

Во ваква вжештена атмосфера Саудиска Арабија и Русија се подготвуваат за искористување на сите расположливи средства и капацитети, а доколку продолжи ваквата „војна“ очекуван е и понатамошен пад на цената на овој енергенс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот