Visa Gold на Халкбанк – златна можност со златна картичка

Visa Gold е најновата кредитна картичка од портфолиото на Халкбанк АД Скопје која обезбедува поголема куповна моќ за клиентот бидејќи е со максимален кредитен лимит до 600.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на барателот, а истата за клиентот вклучува и полиса за осигурување од незгода од Халк Осигурување. Новиот производ е наменет за физички лица кои се приматели на плата или пензија преку Халкбанк или клиенти кои ќе ја обезбедат картичката со депозит.

Visa Gold нуди револвинг кредитен лимит, кој не е врзан за број на плати, и е со можност за минимално месечно враќање од само 3 % од искористениот лимит кој што може понатаму повторно да се користи. Станува збор за бесконтактна картичка која обезбедува:  брз и едноставен начин на вршење трансакции, со само еден допир на картичката на ПОС терминалот, подигање готовина без провизија од банкоматите на Халкбанк АД Скопје, како и можност за рефинансирање на кредитни картички од другите банки.

Истата е без жиранти, без админитративна забрана од плата и трошоци за одобрување и е со, во моментов, најниска каматна стапка за овој вид картички од само 7,5%.

Новата кредитна картичка на Халкбанк вклучува полиса за осигурување во случај на неможност за плаќање при ризик од несакана последица од несреќен случај или ризик од траен инвалидитет, за период еднаков на рокот на отплата на кредитниот лимит и е без трошок за клиентот.

Со Visa Gold на Халкбанк може да се плаќа до 60 рати без камата кај над 800 партнери на Банката, а исто така со трансакции направени на различни типови продажни места објавени од страна на Банката се собираат бонус поени кои понатаму можат да се искористат при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк. И резервациите на booking.com направени со Visa Gold на Халкбанк обезбедуваат поврат од 4% од износот на направената трансакција.

Халкбанк за првите 1.500 корисници на Visa Gold кредитна картичка обезбеди и подарок – 500 бонус поени  за направена минимум една трансакција на ПОС терминал.

Сите заинтересирани за Visa Gold можат да аплицираат веднаш преку достава на Апликација во најблиската филијала/експозитура или преку online апликацијата на Халкбанк АД Скопје.

__________

Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот