Виртуозот Трпчевски во самоизолација испрати музичка порака до Загреб за верба и надеж (ВИДЕО)

(Фото: Фејсбук)

Еден од најдобрите македонски амбасадори во светот, пијанистот Симон Трпчевски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ потврди дека ги почитува мерките на Владата за самоизолација.

-Дома сум, повеќето од времето пред некој шеткавме околу со семејството. Сега зимата дојде и практично седиме дома, освен по најнеопходни потреби како храна. Значи дома седиме и ги почитуваме препораките на Владата, на докторите. Убаво е да се биде дома, дури и тоа ако е принундно, да се одвои малку време да се помине повеќе време со семјството. Потребно е самосвеста во овој период да биде на високо ниво. Искусуваме нешто што до сега не сме го искусиле и ајде да се потрудиме сето ова да пројде побрзо, изјави Трпчевски.

Покрај на полето на креативноста, изолацијата е и добра психолошка вежба.

-Добро е што духот се задржува, добиваме секојдневно пораки со шеговита содржина и ја отвора креативноста. Нема да лажам дека кога човек седи во отворен простор губи од креативноста, но морам да спомнам дека е и добра психолошка вежба, вели Трпчевски.

Тој кспрати музичка порака како порака за поддршка на луѓето во Загреб.

Јас како музичар најубавата порака можам да ја испратам со музика. Пред два дена ме чекаше порака од колеги од Загреб. Не ми се веруваше, мислев дека е шега. Но, гледате дека природата на овој или оној начин сме свесни дека ни кажува дека ја „претеравме“. Жал ми е за она што се слуѕчи во Загреб и можам да испратам една музичка порака – за верба и надеж – Бетовен, изјави Трпчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот