Виртуелна прошетка низ археолошкиот локалитет Стоби

Фото: МИА

Првпат во земјава е изработена апликација за виртуелно доживување на археолошки локалитет која посетителите ќе ги врати во минатото. На социјалните медиуми веќе се најавува уникатна можност за посетителите на археолошкиот локалитет Стоби да присуствуваат на виртуелна гладијаторска борба во театарот на Стоби во II век од н.е.

Ова виртуелно доживување е изработено преку проектот „Откривање на римскиот град Стоби – Виртуелено искуство“ со цел да ја зголеми туристичката понуда на Стоби преку обезбедување нови искуства на локалитетот.

– Користењето на технологијата во промоција и доближување на културното наследство е можност да се привлечат повеќе посетители, пред сѐ нова млада публика – соопшти Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот