ВИРАЛНО ВИДЕО | Можело и така: Маж качен на дрон лета над центарот на Њујорк

Ново видео, кое веднаш стана вирално на социјалните мрежи, прикажува како маж со заштитен шлем буквално лета над Тајмс Сквер во Њујорк – на, како што изгледа, џиновски дрон со осум ротори, кој лебди на височина од солидни десет метри над земјата.

Станува збор за глетка што особено потсетува на Зелениот гоблин, кој го игра Вилијам Дафо, летајќи низ Њујорк во блокбастерот „Спајдермен“ (2002) на режисерот Сем Раими.

Дали е ова навистина иднината на личниот превоз – или само несовесен трик што може да повреди некој? Во секој случај, глетката е навистина невообичаена.

Погледнете го видеото:

Сè уште е нејасно кога е снимено видеото или кој е „пилотот“ – но постои шанса да сме го воочиле на друга вирална снимка периодов. Кон крајот на април се појави видео од маж кој ита низ градските улици, летајќи на многу сличен дрон со осум ротори.

Станува збор за ова видео:

Всушност, Јутјубер по име Хантер Ковалд можеби стои и зад новата снимка. Неодамнешните видеа поставени на неговиот канал, се исти со постарото вирално видео.

Нејасно е, сепак, дали каналот стоел и зад трикот на Тајмс Сквер.

Џиновскиот дрон е најверојатно изграден од компанија наречена Омни Ховербордс и веројатно чини над 20 000 американски долари, како што истакна ТМЗ на почетокот на оваа година, пренесува Футуризам.

Сè уште е непознато дали авантурата над Тајмс Сквер е дозволена од локалните власти – но лицето кое иташе на дронот секако го привлече вниманието на светската јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот