Виновни и осудени за „27 април“: 6 и пол години затвор за Вељаноски, по 6 години и три месеци за Миле Јанакиески и Спиро Ристовски

EPA/MAJA ZLATECSKA

Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски судот ги прогласи за виновни за насилниот упад во Собранието на Македонија. За стореното кривично дело кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност. Па, така, Трајко Вељановски е осуден на 6,6 години, Миле Јанакиевски на 6,3, Спиро Ристовски на 6,3 и Владимир Атанасовски на 6 години затвор. Вака денеска пресуди судијата Илија Трпков во случајот за обвинетите организатори на „27 април“.

– Никола Груевски ги повикал граѓаните на протест. Трајко Вељаноски требало да спречи избор на нов спикер. Јанакиески и Ристовски, Владимир Атанасовски и Никола Бошковски ги мобилизирале членовите, рече судечкиот судија Илија Трпков.

Тој нагласи дека случувањата на 27 април ќе бидат запаметени како преседан од домашната и светската јавност, рече Трпков.

– Сите видоа како тој ден се руши демократијата и се тепаат пратеници избрани од народот. Тоа не е демократија, тоа не е патриотизам. Уште пожално е што тоа било организирани. Државата не се гради со насилство. Им се суди на конкретни лица за конкретен настан, рече во завршниот збор судијата Трпков.

На претходите рочишта, обвинителството и одбраната ги дадоа завршните зборови. Обвинителството сметаше дека обвинитите се виновни за организирање на настаните на 27 април 2017 годна, а адвокатите побараа ослободителни пресуди.

Во овој случај обвинети беа поранешниот собраниски спикер Вељаноски, екс министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика Јанакиески и Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски. Според обвинението, нив им се судеше за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност.

Според обвинителеството, тие од партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ на „крвавиот четврток“ издавале команди за делување на полицијата и на напаѓачите. Обвинителниот акт ОЈО за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд го поднесе на 31 мај 2019 година, а беше прифатен во 31 јануари 2020 година. Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година. Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Крвавите настани на 27 април се случија пред четири години откако поддржувачите „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието, откако тогаш опозициската СДСМ заедно со ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса го формираа парламентарното мнозинство и го избраа Талат Џафери за собраниски спикер, по што следеше упадот. При упадот во Собранието, нападнати беа пратеници, новинари и други присутни во Собранието.

Во претходен друг судски процес за насилниот упад во Собранието осудени беа 16 лица на затворски казни од над десет години, односно вкупно 211 години затвор за кривично дело терористичко загрозување на државниот поредок.

Дванаесет обвинети меѓу кои и тогашните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов добија амнестија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот