Винфри Опра ја покажа хуманата страна: Донираше 1,15 милиони долари за школување на деца од Северна Каролина

profimedia

Популарната американска водителка и новинарка Опра Винфри ја воодушеви претежно женската публика во Шарлот, САД најавувајќи дека ќе донира 1,15 милиони долари за да им помогне на учениците да се запишат и успешно да завршат колеџ.

Винфри зборуваше на собир каде што Фондот за колеџ „Обединети црнци“ се надеваше дека ќе собере 1 милион американски долари за студенти од Северна Каролина.

Откако на видео-бим беше соопштено дека се собрани собрани 1,15 милиони долари, Винфри најави: „Еве што ќе направат, ќе донирам исто толку средства”. Тоа предизвика радост и аплауз кај присутните.

Донацијата двојно ја зголеми вредноста на собраниет средства во висона од 2,3 милиони американски долари, надминувајќи ги целите на организацијата за прибирање финансиска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот