Вимблдон подготвува тужба за АТП и ВТА

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Организаторот на Вимблдон, третиот годинешен гренд слем турнир, планира да ги тужи АТП и ВТА поради нивната одлука да не се доделуваат бодови.

Весникот „Тајмс“ пишува дека организаторот веќе разговарал со правници и планира да поднесе тужба против АТП и ВТА и за тоа добил поддршка од организаторите на останатите гренд слем турнири, Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен.

Организаторот на препорака на владата на Обединетото Кралство им забрани настап на руските и белоруските тенисери и тенисери на најпрестижниот тениски турнир, што предизвика реакција на АТП и ВТА да одлучат да им ги одземат бодовите, односно да не се бодува настапот на Вимблдон туку тенисерите и тенисерките да играат само за паричните награди.

По одлуката на АТП и ВТА да ги одзеде бодовите, поголем број на тенисери и тенисерки најавија дека ќе го бојкотираат Вимблдон и веќе ги откажале резервациите за изнајмување на куќи или станови.
Најдобриот британски тенисер, Енди Мареј изјави дека Вимблдон никогаш нема да биде „егзибиски турнир“ и доколку му бидат одземени бодовите.

– Многу фудбалски фанови не се грижат која репрезентација колку бодови ќе освои на Светско првенство туку кој ќе биде шампионот. Така е и со Вимблдон. Подготвен сум да се обложам дека навивачите на Централниот терен не се грижат кој колку поени ќе освои. Но, ви гарантирам дека ќе го запомнат името на победникот. Вимблдон никогаш нема да биде „егзибициски турнир“ – смета Мареј.

Видео на денот