„Вимблдон“: Херис само го налути Федерер! (ВИДЕО)

twitter.com/usopen

Федерер изненадувачки го загуби првиот сет, младиот Јужноафриканец направи „брејк“ на сервис на швајцарскиот тенисер и поведе во резултатот.

Тоа како да го налути великанот, со една ефикасна игра на тревата во Лондон следуваше пресврт и освојување на следните три сета 6:1, 6:2 и 6:2.

Во наредното второ коло вториот носител круг ќе игра против Џеј Кларк, Британецот со 3:1 го совлада Н. Рубин од САД. На преостанатите средби Бердих загуби од Американецот Фриц, а Цонга беше подобар од Томиќ.

Во женска конкуренција Шарапова поведе со 1:0 во сетови против Парментие, потоа Французинката возврати за израмнување. Во третиот сет Русинката при висока негатива од 5:0 го предаде мечот.

Успешни беа уште Бенчиќ, Јоровиќ, Конта, Анишимова, Суарез Наваро, Флинк, Гергес и Квитова, а им нема крај на изненадувањата, иако поминува само вториот ден од мечевите во Лондон. Мугуруза е елиминирана од Хадад Маја, а Канаѓанката Бушар со 2:1 (3:6, 7:5, 6:8) претрпе пораз од Зиданшек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот