„Вимблдон“: Ѓоковиќ против Синер го напаѓа личниот рекорд

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Српскиот тениски последен пат на грен слем турнирот „Вимблдон“ беше поразен пред пет години.

Новак Ѓоковиќ денеска ќе го игра четвртфиналниот меч против Италијанецот Јаник Синер, 13 тенисер на светот. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот Давид Гофан – Камерон Нори.

Ѓоковиќ е на три победи од одбрана на тронот во Лондон, на три чекори од седмиот трофеј на „Вимблдон“.

Синер успеа да го елиминира Карлос Алкараз и сега го чека еден од најголемите предизвици во кариерата, да го победи Ѓоковиќ на трева.

Последен пат Ѓоковиќ беше поразен на „Вимблдон“ во јули 2017 година кога на почетокот од вториот сет го предаде мечот против Томаш Бердих.

Оттогаш Ноле знае само за победи во Лондон, има 25 победи во серија со три шампионски пехари.

Иако најмногу го освојуваше „Австралија опен“, Србинот ни во Мелбурн немаше поголема триумфална низа. Притоа, и таму искомбинира 25 последователни победи. Што значи дека денеска против Синер, Новак ќе го нападне неговиот личен рекорд, да ја запише 26 победа по ред на некој Грен слем турнир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот