„Вимблдон“ ги казни Вилијамс, Фоњини и Кирјос

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Седумкратната шампионка на „Вимблдон”, Серена Вилијамс беше казнета од организаторите на најстариот и најпрестижниот Гренд-слем турнир.

Пред официјалниот старт на турнирот, за време на еден од тренинзите, Американката се налутила поради свое неправилно одигрување и го удрила силно рекетот во земјата.

Оваа акција резултираше со оштетување на „светата трева”, која, сепак, беше обновена до почетокот на натпреварите таму.

Двајца други тенисери добија парични казни во Лондон. Фабио Фоњини беше казнет со 3.000 долари, откако изрази бурно гнев во дуелот против Тенис Сандгрен од третиот круг и посака во комплексот „да експлодира бомба”.

Скандалозниот Австралиец, Ник Кирјос пак, беше казнет со вкупно 8.000 долари за различни неспортски потези за време на мечевите од првото и второто коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот