Вимблдон дебело ќе го наплати откажувањето, бара повеќе од 100 милиони евра

Најпознатиот и најстариот тениски турнир се наоѓа во големи проблеми поради откажувањето.

Неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон, годинава нема да се игра поради пандемијата на коронавирусот. Ова е прво откажување на Вимблдон по Втората Светска војна поради кои организаторите ќе имаат огроми зауби.

Затоа од„ Олд Ингланд клубот“ кој го организира најпознатиот тениски турнир,  најавија дека ќе побараат отштета од осигурителна компанија во висина од 114 милиони евра за да ги намалат загубите кои ќе изнесуваат 285 милиони евра.

Организаторот потпиша договор со осигурителна компанија во 2003 година кога светот беше под закана на САРС вирусот и постоеше можност за откажување на Вимблдон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот