Вилијамсон уште не заигра во НБА, а заработи 75 милиони долари

Најголемата сензација во НБА лигата по Леброн Џејмс, Зајон Вилијамсон иако нема одиграно ниту една минута во дресот на Њу Орлеанс пеликанс, веќе заработува десетици милиони долари.

Вилијамсон стана заштитно лице на брендот „Џордан“ и за седумгодишна верност ќе добие дури 75 милиони долари.

– Се чувствувам благословено што станав дел од семејството на брендот Џордан. Уште како дете сонував за НБА лигата и на влијанието на играта што ја имаше, но и и сè уште го има Мајкл Џордан. Тој беше еден од оние посебни спортисти кои ми беа идоли и не можам да се изразам колку сум среќен и возбуден – изјави Вилијамсон.

Брендот „Џордан” е во сопственост на Најки, а дел од најпознатите кошаркари кои се спонзори на „Џирдан“ се Расел Вестброк, Џими Батлер, Крис Пол, Блејк Грифин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот