Вилијамсон конечно дебитираше во НБА (ВИДЕО)

twitter/ESPN Stats & Info

Првиот пик на драфтот конечно заигра во најсилната кошаркарска лига, но неговиот Њу Орлеанс е поразен од Сан Антонио со 121:117.

Зајон Вилијамсон беше надвор од теренот дури три месеци бидејќи пред стартот на сезоната го оперираше десното колено. Тој конечно дебитираше во поразот на неговиот Њу Орлеанс од 121:117 од Сан Антонио, на теренот помина 18 минути и за тоа време постигна 22 поени и стана првиот кошаркар во историјата кој не промаши шут за три поени во дебито во НБА (4-4).


Најдобар во редовите на Сан Антонио беше Ламаркус Олдриџ со 32 поени, додека Дамир Дерозан даде 20 поени.

Хјустон ја прекина серијата од четири порази по ред откако во дербито на Западот го совлада Денвер со 121:105. Расел Вестбрук со 28 поени и 16 скока и Џејмс Харден со 27 поени беа најзаслужи за тиумфот на „ракетите“ додека кај Денвер најдобар беше Никола Јокиќ го забележа својот осми трипл-дабл сезонава со 19 поени, 12 скока и 10 асистенции.


Резултати:
Детроит – Сакраменто 127:106
Орландо – Оклахома сити 114:120
Торонто – Филаделфија 107:95
Атланта – ЛА клиперс 102:95
Бостон – Мемфис 119:95
Мајами – Вашингтон 134:129
Њујорк – ЛА лејкерс 92:100
Чикаго – Минесота 117:110
Феникс – Индијана 87:112
Њу Орлеанс – Сан Антонио 117:121
Голден Стејт – Јута 96:129

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот