Вилијам Вокер „ја составува“ владата во Косово?

ФОТО: EPA/VALDRIN XHEMAJ

Некогашниот шеф на верификаторската мисија на ОЕБС, Вилијам Вокер денеска се појави во седиштето на Демократскиот сојуз на Косово во Приштина.

Според албанските медиуми, неговата посета не била најавена, а Вокер е во посета на Косово по повод 21 година од масакрот во Рачка.

Вокер се сретнал со Исо Мустафа за преговорите со Албин Курти и Самоопределување за коалиција во владата.

Поранешниот американски дипломат, кои медиумите го поврзуваа со ЦИА, пристигна на Косово на повик на Беџет Пацоли, кој пред два дека на Фејсбук објави заедничка фотографија.

Вокер ќе остане запаметен како човек кој објави извештај за масакр во Рачка во после кој во 1999 година НАТО ја бомбардираше Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот