Вилијам Вокер „формира“ Влада во Приштина

Фото: Профимедиа

Се уште не е познато дали Вокер ќе се сретне со лидерот на Самоопределување Албин Курти.

Некогашниот шеф на верификационата мисија на ОЕБС на Косово, Вилијам Вокер, моментално е во Приштина каде разговара со лидерите на Демократскиот сојуз, пренесуваат косовските медиуми.

Вокер, кој во последните неколку години лобираше за интересите на движењето Самоопределување и е познат лобист за косовската независност, стигнал во Приштина два дена откако косовскиот претседател Хашим Тачи ги предупреди лидерите на ДСК и Самоопределување што побргу да формираат нова Влада.

Се уште не е познато дали Вокер ќе се сретне со лидерот на Самоопределување Албин Курти.

Иако изборите во Косово се одржаа пред три месеци, лидерите на партиите кои добија најмногу гласови и натаму не успеаја да постигнат договор за формирање на нова влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот