Вилата на некогашниот мексикански наркобос продадена на аукција за 2 милиони долари

Фото: INDEP

Кариљо Фуентес бил еден од најмоќните наркобосови во Мексико во текот на последните две децении од 20. век.

Мексиканските власти на аукција ја продадоа вилата на покојниот наркобос Амадо Кариљо Фуентес во Мексико Сити за нешто повеќе од два милиони долари.

Како што наведува Би Би Си, приходот од продажбата ќе биде пренесен во мексиканскиот систем на јавно здравство за борба против коронавирусот.

На аукцијата, за луксузната вила со површина од 3.500 метри квадратни, бил заинтересиран само еден купувач кој понудил нешто помалку од бараните 2,17 милиони долари.

Куќата има базен, џакузи, бар и вински подрум, а опкружена е со големи градини.

Фото: INDEP

Кариљо Фуентес бил еден од најмоќните наркобосови во Мексико во текот на последните две децении од 20. век.

Поради тоа што криумчарел големи количества дрога со својата приватна флота авиони, доби прекар „Господар на небото“, а почина во 1997 година, од последиците на успешна пластична операција чија цел била промена на неговиот личен опис за да може да избегнува апсење.

Хирурзите кои извршија операција се убиени неколку месеци, а на нивните тела се пронајдени траги од мачење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот