Виландер се надева дека Ѓоковиќ ќе остане на 20 грен слем титули

Новак Ѓоковиќ не може да ја брани титулата на„Австралија опен“ доколку не е вакциниран/ фото EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Финалето на „УС Опен“ и поразот на Новак Ѓоковиќ од Данил Медведев и натаму е една од топ темите во светските спортски медиуми.

Се прават бројни анализи, се коментира „чудото“ на Данило Медведев и пропуштената историска шанса на српскиот ас за календарски слем и рекорден 21 грен слем трофеј во кариерата.

Еден од најпознатите аналитичари, легендарниот шведски тенисер Матс Виландер, го коментираше финалето во авторскиот текст за францускиот „Лекип“ и даде некои предвидувања за иднината.

– Тажен сум што Ѓоковиќ немаше шанса да го освои ова финале во Њујорк, дури ниту сет. Не сакам да му ја одземам заслугата на Данил Медведев, кој беше близу до совршенство, но имаше нешто чудно во оваа ситуација.

Французите го нападнаа Ѓоковиќ: Неговите солзи се лажни

Тактички, Медведев беше во право, ги удираше топките во средината и не му дозволи на Ѓоковиќ со силни удари да ги нападне аглите. Новак не успеа да најде решение за тоа. Штом доби употребливо топче, Медведев ќе забрзаше и ќе мораше уште да го чека правиот момент.

Исто така, верувам дека сервисот беше клучен на овој дуел. Тој му донесе на Медведев многу лесни поени. Од друга страна, Новак сервираше лошо. И така тој остана без лесни поени, што веднаш ја претвори оваа борба во нерамноправна. Тоа е особено видливо на тврда подлога која не е толку брза и нема ништо заедничко со онаа во Мелбурн или со тревата на Вимблдон. Сè што Новак се обиде, не функционираше. Преку неговиот стил на игра, Медведев постојано ве тера да пробате нешто. А вие не знаеше што и како..

Данил Медведев во Њујорк ја освои својата прва грен слем титула во кариерата/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

„УС Опен“ донесе и добри вести, прво дека помладата генерација конечно докажа дека е подготвена да го земе „скалпот“ од постарите. Воедно се надевам дека „големата тројка“ (Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер и Рафаел Надал) ќе останат на 20 освоени грен слем турнири. Тоа би било одлично! И тоа е многу можно. Тоа би било идеален тајминг за крај на „вечната“ трка.

Исто така сигурен сум дека Новак нема да застане тука. Можам да замислам тој ќе ги „наполни батериите“ во следните неколку недели, а потоа „тренира како животно“ четири месеци за да блесне на „Австралија опен“. Тоа ќе биде нов почеток за него – напиша Виландер во „Лекип“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот