Виландер: Ѓоковиќ во моментов е непобедлив!

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Поранешниот најдобар тенисер на светот, Матс Виландер зборуваше за сегашната форма на првиот светски рекет после најновата победа против Британецот Кајл Едмунд.

Српскиот ас моментно е непобедлив кој во третото коло на грен слем турнирот „УС Опен“ ќе ги одмери силите против Германецот Јан-Ленард Штруф.

Виландер воглавно го „критикуваше“ Ноле, но сега одвои пофални зборови.

Мислам дека Новак ќе се заблагодари себеси што го загуби првиот сет од Едмунд, бидејќи тоа го натера да игра од негатива. Тоа е добра вежба – не е лесно кога треба да добиете три од следните четири сета. Мислам дека тоа навистина му помогна, и тоа ќе биде особено важно во дуел со играч како Штруф, кој цело време сервира „бомби“ и ризикува. Јан-Ленард ќе биде добро подготвен.

Во исто време се чинеше дека Новак ужива во својот свет во кој нема навивачи да му дофрлуваат. Сега сè зависи од него – Штруф може да биде проблем доколку Ѓоковиќ изгуби концентрација, но во моментов не можам да замислам дека тоа ќе се случи. Новак во моментов е непобедлив – вели Швеѓанецот, кој работи како спортски новинар.

Ѓоковиќ со пресврт до третото коло на УС Опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот