Виландер: Ѓоковиќ може и до 25 грен слем трофеи!

– Не гледам кој би можел да го спречи да освои барем уште четири титули – се зборовите на седумкратниот грен слем шампион.

Матс Виландер упорно се обидува да објасни дека тој го обожава српскиот тенисер и дека понекогаш добива критики, бидејќи знае уште колку уште може да извлече од себе.

А судејќи според зборовите на тениската легенда, Новак Ѓоковиќ може да извлече уште толку да го убеди целиот свет дека тој е – најголемиот на сите времиња.

Моментно на вечната листа првопласиран е Рожер Федерер со 20 грен слем титули, една помалку има Рафаел Надал, а 17 Ѓоковиќ кој последната ја освои на „Австралија опен“ во Мелбурн.

Виландер смета дека без сомнение Ноле може да ја прескокне границата од 20 грен слем титули, да се подигне толку високо што покрај останатите ќе биде „недостижен“ во децениите пред нас.

Ѓоковиќ има вкупно осум титули на „Австралија опен“, пет на „Вимблдон“, три на „УС Опен“ и една на „Ролан Гарос“.

– Не гледам кој би можел да го спречи да освои барем уште четири титули. Би бил изненаден доколку не освои уште два грен слем трофеи годинава. Дури мислам дека пред крајот на кариерата би можел да дојде и до бројката од 25 грен слем трофеи – вели Виландер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот