Виландер го гледа Новак како главен фаворит за триумф на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ а актуелен шампион на Ролан Гарос/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE ARCHAMBAULT

Легендарниот тенисер Матс Виландер смета Новак Ѓоковиќ е главен фаворит за вториот годинешен гренд слем турнир, Ролан Гарос.

Виландер кој сега работи како тениски аналитичар, смета дека повредата на Рафаел Надал и неговото отсуство од терените ќе остави голем белег во играта на Шпанецот и тоа би можел да го искористи Ѓоковиќ кој има поинакви проблеми поради одбивањето да се вакцинира, но во Париз би дошол одморен и подготвен за одбрана на титулата.

– Ѓоковиќ ќе биде одморен за Ролан Гарос. Имаше можност да организира тренинзи и подготовки на перфектен начин или на начин на кој сакаше да го стори тоа. Нормално дека сака да имаше одиграно повеќе мечеци, но доколку настапи на три турнири и одигра 10 до 15 мечеви пред Ролан Гарос, тогаш во Париз ќе биде фаворит за титулата – смета Виландер.

Освојувачот на седум гренд слем титули изјави и дека со нетрпение го очекува враќањето на Ѓоковиќ на турнирите што би значело продолжение на битката за признанието за најдобар тенисер на сите времиња.

– Тоа се одлични вести бидејќи не сакам трката за најдобриот во историјата да заврши со Надал кој има здравствени проблеми односно напукнато ребро, со Федерер кој имаше неколку операции изминатиот период и со Ѓоковиќ кој не може да игра на поголем дел од турнирите бидејќи не е вакциниран. Сакам повторно да ги видам сите тројца на терените – додава Виландер.

Ролан Гарос треба да се игра од 22. мај до 5. јуни, а минатата година титулата ја освои Новак Ѓоковиќ кој во финалето во пет сета (6:7, 2:6, 6:3, 6:2, 6:4) го победи Стефанос Циципас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот