Виландер: Ѓоковиќ ќе слави помалку грен слем трофеи бидејќи ги нема Федерер и Надал

Новак Ѓоковиќ /Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Прославениот Швеѓанец Матс Виландер уште еднаш дава различно размислување кога е во прашање најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.

Како податок останува дека српскиот ас во 2021 година ги освои досегашните три грен слем турнири, „Австралија опен“, „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“, а има и големи шанси да го комплетира „златниот“ слем, откако еден од најголемите ривали Рафаел Надал го откажа настапот на „УС Опен“ кој ќе стартува на 30 август.

Новак Ѓоковиќ се подготвува за „УС Опен“, каде што ќе се обиде да стане првиот тенисер во историјата што ги освоил сите четири Грен слема во една година, на три различни подлоги, а откриено е дека уште долго ќе биде најдобриот играч на светот.

Виландер мисли дека и доколку Ѓоковиќ ги освои сите четири Грен слема оваа година, нема да го гледа Србинот со исти очи бидејќи на „УС Опен“ ги нема Рафаел Надал и Рожер Федерер.

– Сето ова го става првиот светски рекет во позиција дека нема да ги прослави сите тие победи на Грен слем како што тоа го правеа Федерер и Надал – вели Виландер.

Тој објасни зошто мисли дека мотивацијата ќе биде проблем.

– Мислам дека победувањето за Новак е само број еден и затоа мислам дека ќе биде потешко за него. Не се работи за тоа да ги победиш Федерер и Надал, ниту за тоа да се биде на одредено ниво за да биде најдобар во светот. Сега е во тоа да се победат играчи кои се далеку зад него во победи, а тоа не е лесно. Таа 21 грем слем титула не изгледа толку сигурна за Новак сега кога Рафа и Рожер ги нема – додаде Виландер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот