Виландер: Ѓоковиќ е фаворит да освои најмногу грен слем трофеи, но тоа нема да се случи!

Матс Виландер, шведската тениска легенда, сега консултант на „Еуроспорт“/ фото: EPA-EFE/ATIENZA

Шведската тениска легенда Матс Виландер вели дека сега би можеле да видиме тројца играчи да останат со по 20 грен слем титули.

Поранешниот тениски шампион, сега стручен консултант на „Еуроспорт“ на големите турнири, ја коментираше депортацијата на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ од Австралија и недобивањето можност да настапува на „Австралија опен“.

Виландер вели дека е изненаден и шокиран од одлуката на австралиските власти, како и дека ова е приказна на годината.

– Јас сум изненаден и шокиран. Морам да му оддадам почит на Новак бидејќи напорно се трудеше но во исто време знаеше дека има правила според кои требаше да се вакцинира. Треба да мислите на другите играчи, кои се во Австралија и кои прашуваа што се случува. Она што е одлична работа за мене, е тоа што ова е една од најголемите приказни на годината, засега. Тоа е тажна вест, но имаме победник.

– Дали мислам дека е фер? Да, мислам дека е. Милиони луѓе умреа од коронавирус ширум светот. Австралија одлучи да воведе целосна забрана за влез во текот на најголемиот дел од пандемијата. Австралијците страдаа психички и физички како и другите. Мислам дека Новак се обиде со сè што можеше и мислам дека е многу тешко да се врати. Судијата мораше да разбере дека на овој начин ќе се промени историјата на нашиот спорт. Но, што да се прави? – рече Виландер.

Хоук: Ја поздравувам одлуката на Федералниот суд за укинувањето на визата за Ѓоковиќ

Продолжи Швеѓанецот во ист тон:

– Не можам да замислам во каква состојба е сега умот на Новак. Ова е неговиот омилен турнир, кој го освои деветпати, а го бркаше 21 Грен слем трофеј и имаше шанса да биде пред Рожер Федерер и Рафаел Надал. Според мене, сега постои шанса сите тројца да останат на 20, што би било неверојатно. Ривалите мислат дека можат да го победат Новак, но во исто време знаат дека е тој е неверојатен борец.

Ќе си оди дома, ќе вежба и ќе се подготвува за тврда подлога. Големото прашање е дали ќе може да патува низ светот? Новак Ѓоковиќ е фаворит да победи трката, за освојување на најмногу Грен слем трофеи, но тоа нема да се случи.

Таткото на Ѓоковиќ: Заврши обидот за атентат врз најдобриот, 50 куршуми во градите на Новак!

Дали ќе добиеме нов број еден? Можно е. Сега зависи од тоа колку ќе може да патува, на колку турнири ќе му биде дозволено да учествува. И конечно, дали ќе се вакцинира? Влогот е неговата кариера и тој може да направи нешто што навистина не сака. Мислам дека ќе има помали негативни последици за турнирот бидејќи луѓето ќе зборуваат. Публиката ќе зборува. Но, по неколку дена ќе сфатат дека има добри играчи – се зборовите на Виландер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот