Викторија Сваровски се омажи во фустан од 700.000 евра украсен со 500.000 кристали, а синоќа повторно блесна (ФОТО)

Profimedia

На забавата по повод доделувањето на Бамби наградите, кои всушност претставуваат меѓународни признанија на личности од светот на медиумите, културата, спортот и други области, може да се каже дека Викторија Сваровски ги засени сите останати гости.

Profimedia

На свеченоста во Берлин Викторија, наследничка на познатото семејство Сваровски, чие богатство се проценува на 2,8 милијарди евра, се појавила во светликав фустан украсен со кристали и ги воодушеви присутните.

Profimedia

Во 2017 година светот воодушевено гледаше во нејзината венчаница која чинела повеќе од 700 илјади евра, а била украсена со дури 500.000 Сваровски кристали.

instagram

Венчаницата ја дизајнирал Мајкл Кинко, кој соработува со Бијонсе, Лејди Гага и Џенифер Лопез.

Во фустанот тежок 46 килограми, кој подоцна го заменила со полесна облека, до олтарот ја испратил татко ѝ Пол Сваровски.

Викторија си поставила големи стандарди кога се работи за облеката и гламурот е граница под која не оди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот