Викторија Лисичанец e најдобрата медицинска сестра во 2020 година на Клиниката за пулмологија во Скопје

Фото: facebook

Викторија Лисичанец е избрана за најдобра медицинска сестра за 2020 година на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје. Родена кавадарчанка, таа за МИА појасни дека оваа година за првпат се доделува вакво признание на клиниката.

– Гласањето се одвиваше по анонимен пат од страна на сите вработени. На моја среќа и задоволство, ја имав таа чест да бидам избрана. Им благодарам на колегите за довербата, рече 27 годишната девојка која шест години работи на оваа клиника.

Во годината што изминува, во услови на пандемија од коронавирус, извесен период била ангажирана и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

– Таму секој ден беше приказна за себе. Го дававме својот максимум со цел да им помогнеме на пациентите што побрзо да закрепнат и полесно да ја надминат борбата со тој сè уште недоволно познат непријател наречен корона. Имаше и пациенти со многу тешка клиничка слика. Многумина победуваа во битката со вирусот, но за жал имаше и такви кои беа совладани од болеста, нагласи оваа медицинска сестра.

Таа откриva дека уште од малечка, нејзин избор бил медицината како хумана професија. Лисичанец им порача на сите скептици кои не веруваат во постоењето на вирусот, дека тој навистина е меѓу нас.

– Неопходно е да се следат препораките од Министерството за здравство. Само така, сите заедно можеме да ја постигнеме целта, да ставиме крај на оваа пандемија, децидна е оваа млада девојка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот