Викторија Давитковска, македонско девојче во освојување на светските модни писти

Осмоодделенката Викторија Давитковска од Скопје вели дека првите чекори во светот на фотомоделството, пред две години, ги направила сосема наивно и непланирано откако поради нејзината несекојдневна убавина ѝ било понудено да направи фотосесија за македонскиот фотограф Аварел.

приватна архива

Потоа тие се договориле да ги пратат фотографиите во Белград, кај манекенката Данијела Димитровска која е сопственичка на модната агенција Models Inc. Воедно Данијела како победничка на натпреварот Elite Models Look во 2004 година во Србија, има лиценца за органзирање на овие натпревари во таа држава.

приватна архива

Откако ги пративме фотографиите до Данијела, за неколку дена бевме повикани во Белград на кастинг и ни беше понуден првичен договор за соработка, односно дека сакаат Викторија да биде дел од нивниот тим – вели Марија, мајката на Викторија која се грижи за нејзината кариера, со оглед дека таа е малолетна и ни открива дека фотогеничноста на девојчето го привлекла вниманието и на одговорните во матичната агенција Elite Models Look во Париз.

Но, со оглед на ковид-пандемијата која го зафати целиот свет сите нејзини планови моментално се ставени во мирување и чека некое подобро време кога ќе може да ги реализира.

приватна архива

Викторија моментално е осмоодделенка во едно скопско училиште и вредно учи, а средното образование планира да го продолжи во некоја од скопските гимназии. Таа го сака манекенството, но истакнува дека пред сè најважно ѝ е образованието.

Моја желба е да успеам да ги освојам светските манекенски патеки, да станам светски позната манекенка а напоредно со тоа, да не го запоставам школувањето, бидејќи сакам да завршам високо образование – вели и ни открива дека во сето тоа има голема поддршка од родителите и поширокото семејство.

Приватна архива

Како секоја тинејџерка и таа сака времето да го минува со другарките и другарите и спортувајќи одбојка. Но поради корона кризата сето тоа сега е во мирување па најчесто слободното време го минува гледајќи телевизиски серии.

Најмногу ми недостига директниот контакт и дружење со моите другари бидејќи ниедна онлајн настава не може да го замени тој дел. Поради корона вирусот беа сопрени и сите мои манекенски активности, односно гледаме дека општо целиот свет е ставен на пауза. Се надевам дека наскоро светот ќе се врати во нормала и сите ќе можеме да продолжиме кон исполнување на нашите животни цели – вели Викторија.

приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот