Викторија Бекам по којзнае кој пат во истата комбинација! (ФОТО)

Profimedia
Profimedia

Познатата модна креаторка и сопруга на легендарниот фудбалер Дејвид Бекам, Викторија Бекам, позната е по тоа што деловниот стил успева да го носи со неверојатна леснотија, дури и во секојдневна варијанта или на црвениот тепих.

Profimedia

Едно од нејзините најдобри изданија е секако белото одело кое сама го дизајнирала, а го носеше на забавата која пред неколку вечери е одржана после церемонијата за доделувањето на БАФТА наградите. Станува збор за бело одело кое го сочинуваат длабоки панталони со рамен крој чии ногавици благо се прошируваат во облик на ѕвоно при самото дно и струкиран блејзер со широки ревери. Бекам одлучила сакото да го носи откопчано, односно со него само се нагрнала, ставајќи ја во прв план блузата со ефектен детаљ во облик на црна роза околу вратот.

Profimedia

Меѓутоа ова не е прв пат да ја видиме Викторија во оваа нејзина комбинација – ја носела во неколку прилики, како што било и гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис и доделувањето на GQ наградите, а тогаш одлучила блејзерот да биде закопчан.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот