Викторија Бекам ќе ја дизајнира венчаницата за својата снаа

Profimedia
Profimedia

Модната дизајнерка и поранешна пејачка во групата „Спајс грлс“, Викторија Бекам, ќе ја дизајнира венчаницата на својата идна снаа Никола Пелц, пишуваат британските медиуми.

Викторија претходно го дизајнираше жолтиот фустан што го носеше актерката на денот на свршувачката со Бруклин Бекам.

Според „Дејли меjл“, Никола самата ја замолила Викторија да го дизајнира нејзиниот свадбен фустан, а поранешната спајс девојка го прифатила тој предлог со воодушевување.

инстаграм

Никола пред неполни два месеца се вери со Бруклин Бекам, најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам.

Тие најавија дека сакаат да се венчаат што побрзо, а Бруклин веќе ја нарекува Никола „сопруга“ на објавите на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот