Викторија Бекам го проширува бизнисот: Наскоро лансира нова линија во Америка

Викторија и Дејвид Бекам/ Фото: Принтскрин/Инстаграм

Викторија Бекам, модна дизајнерка и сопруга на Дејвид Бекам, наскоро ќе почне со промоција на својот нов „lifestyle“ бренд кој ќе биде конкуренција на брендот „Goop“ чиј основач е Гвинет Палтроу.

Instagram
Instagram

Сопругата на фудбалерот Дејвид Бекам со години е позната во модната индустрија со својот бренд што го носи нејзиното име. Сега, извори блиски до Бекам велат дека таа ќе ги користи само нејзините иницијали за новите козметички и „life style“ производи.

Instagram

Викторија ја сподели веста на својот Инстаграм профил каде има над 28,7 милиони следбеници.

Тајната за мојата сјајна кожа? #Наскоро #VBGlow“, напиша Викторија споделувајќи нова фотографија на која се истакнува нејзиниот беспрекорен тен.

Instagram
Instagram

Нејзините обожаватели беа воодушевени од веста за новите производи. Бекам има искуство во ова, а нејзиното влијание се шири надвор од границите на Велика Британија. Чекорот да лансира нови прозиводи во Америка е смел, но како што тврдат извори блиски до Викторија, таа сигурно ќе успее да го „завладее“ меѓународниот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот