Викторија Бекам го освои модниот свет, но нејзините вработени се против неа

профимедиа

Викторија Бекам за кратко време стана многу ценета модна дизајнерка. на почетокот многу лица ја исмеваа, но за десет години од работењето таа успеа да заработи голема почит.

Но, во последно време се погласни се „шушкањата“ дека нејзините вработени не ја сакаат многу.

Наводно заработила критики бидејќи водечките места во компанијата им ги доделила на Французи и Италијани, а не на Британци.

– Вработените Британци се прилично бесни бидејќи чувствуваат дека таа во хиерархијата ги поставува подоле во корист на арогантните Европејци кои имаат и поголеми плати“ – се пожалија Британците за таблоидот „The Mirror“.

Тие наведуваат дека не е во ред Викторија на важни позиции во компанијата да поставува Европејци бидејќи во 2017 година од кралицата Елизабета примила одликување од Британското кралство за постигнувања во британската мода.

Викторија, за овој проблем, се уште не се огласи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот