Викторија Бекам без фотошоп: Имам брчки и тоа е во ред

Instagram
Instagram

Викторија Бекам е позната по својот остар хумор, вкусот за мода и изразите на лицето.

Сепак, таа открила дека почнала да ги прифаќа годините и природниот изглед.

„Има нешто ослободувачко во прифаќање на фактот дека имам 45 години, полна сум со самодоверба и задоволна“, рекла во интервју за „Гламур“.

„Сакам да испратам порака дека секој треба да се чувствува како најдобра верзија од себе. Да го цените тоа што го имате. Сакам да им кажам на луѓето да го прифатат тоа што се“, додала, истакнувајќи дека е задоволна со својот изглед.

„Да, и вие и јас имаме брчки – и тоа е во ред“, рекла Викторија.

Открила дека нејзините фотографии не се ретуширани, односно дека ниту една брчка не ѝ е избришана.

„Ќе бидам искрена. Порано се криев и имав штит, на пример, не се смеев во јавност. Сега тоа го нема“, додала Бекам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот