Виктор Валдес се врати во Барселона (ФОТО)

Фото: twitter.com/BarcaTimes

Валдес потпиша договор на една година, со опција истиот да биде продолжен на уште една натпреварувачка сезона.

Подготовките со младинската екипа ќе ги започне на 29 јули, а за нешто помалку од еден месец, на 27 август, го чека и меч против врсниците од Ајакс на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам, Холандија.

https://twitter.com/WilkinRD3/status/1152233098911846400

Валдес е најуспешниот чувар на мрежата во историјата на Барселона со 539 натпревари и дури 21 освоен трофеј, меѓу кои шест титули шампион на Шпанија и три во ЛШ.

Како играч ја напушти Барса во летото 2014 година, само три месеци од тешката повреда на коленото.

Беше член и на Манчестер јунајтед, Стандард од Лиеж и Мидлзбро каде што и ја заврши професионалната фудбалска кариера во сезоната 2016/17.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот