Виктор Ангелов потпиша за Широки Бријег

facebook.com/igraj.siroki/

Виктор Ангелов одлучи да ја продолжи професионалната кариера во редовите на Широки Бријег кој што претходно беше предводен од нашиот тренер Гоце Седлоски.

Потпиша договор на една година, со можност за продолжување на истиот на уште една година (1+1).

– Среќен сум поради тоа што потпишав НК Широки Бријег. И претходно, додека овој клуб го водеше Гоце Седлоски, имаше одредени разговори за мое доаѓање, а сега ја финализиравме нашата соработка. Слушнав убави зборови за клубот. Запознаен сум со амбициите на Широки, со години е во врвот на босанскиот фудбал и дојдов тука да помогнам во остварувањето на тие цели – рече Ангелов по потписот на договорот.

Ангелов претходно пред да се пресели на Чаир, настапуваше уште за Работнички, Тетекс, Металург и унгарскиот клуб Ујпешт.

Лани во Првата лига имаше учинок од 27 натпревари со реализирани седум голови и запиша четири асистенции. Беше дел од У17, У19 и У21 селекцијата, а запиша и еден настап за сениорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот