„Википедија“ бележи 20 години постоење: Бесплатна енциклопедија за цел свет

Instagram

На 15 јануари 2001 година, американецот Џими Велс го лансираше она што денес е еден од најпосетуваните сајтови во светот. Идејата на Велс да развие бесплатен енциклопедиски проект исклучиво за некомерцијални цели, била речиси незамислива.

Воден од желбата на едно „онлјан“ место да ги собере најважните факти од целиот свет, тој со помош на бројни волонтери од целиот свет успеа да ја реализира својата замисла.

На почетокот, содржината на „Википедија“ беше само на англиски јазик. А веќе во март 2001 година, се појави на германски и шведски јазик, па на француски, италијански, кинески, руски…

Instagram
Instagram

20 години подоцна, „Википедија“ има повеќе од 55,5 милиони статии и верзии на 306 јазици, а бројките постојано растат.

Спротивно на традиционалните енциклопедии напишани од реномирани експерти и научници, „Википедија“ е збирка на информации и собрани знаења, обработени и објавени од волонтери.

Иако темите третирани на овој начин честопати се критикувани од академските кругови, „Википедија“ од друга страна, стана една од најкорисните алатки на многу ентузијасти, љубители и обожаватели на многу теми од науката, историјата, технологијата, културата и природата.

unsplash

И покрај критиките, содржината постојано се модерира, така што не може целоснио да се тврди дека написите не се целосно издржани со факти.

Примарната идеја да се основа ваква „електронска енциклопедија“, важи и денес. Џими Велс ја создаде „Википедија“ за да биде бесплатна и достапна за што поголем круг на луѓе, а не да служи за профит.

За сите години постоење, „Википедија“ се претвори во едно од најголемите заеднички добра на дигиталниот свет. Се заснова на принципите на слобода и учество, односно на пасивното и активното учество на сите луѓе ширум светот кои се стремат да го прошират и споделат своето знаење со други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот