Викендов во Скопје ќе се прска против комарци

Прскање против комарци / Фото: Град Скопје

На подрачјето на Скопје во сабота и недела, на 14 и 15 август, во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против комарци, информираат градските власти.

Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од понеделник, 16 август, до петок, 20 август, од 22 до 3 часот, наредниот ден.

Како што информираат од Градот Скопје, доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот