Викендов во Хиподром ќе се одржи меѓународниот октомвриски коњички турнир

фото: МОК

Викендов на 12. и 13. октомври на хиподромот во Маџари ќе се одржи традиционалниот Октомвриски меѓународен коњички турнир во прескокнување пречки Скопје 2019 – Меморијален куп д-р Јосиф Наумовски Јоцко.

Истовремено ќе се одржат и 4. и 5. коло од државното првенство за 2019 година.
На турнирот ќе земат учество јавачи од Албанија, Бугарија, Грција, Хрватска, Романија, Србија, Словенија, Турција и од Македонија.

Предвидено е да се одржат шест натпревари во прескокнување пречки, по три во сабота и во недела, а висината на пречките ќе изнесува 100 и 140 сантиметри.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот