Викендов централни митинзи на Силјановска и Пендаровски во Скопје

Централни митинзи ќе одржат викендов во Скопје кандидатите за претседател поддржани од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска.

Според најавата од изборниот штаб Силјановска – Давкова, вечерва таа ќе има централен митинг пред Владата во Скопје. За утрешната агенда на Силјановска се најавени митинзи во Свети Николе и Велес.

Кандидатот за иден шеф на државата, кој ја има поддршката од СДСМ и коалицијата, Пендаровски централниот настан во оваа претседателска кампања ќе го одржи утре во 14 часот пред зградата на ЕУ Инфо Центар.

Пендаровски денеска ќе има средби со граѓани во Конче, Радовиш, Босилово, во Ново Село, каде ќе се одржи граѓанска трибина, а за вечерва во Струмица е најавен граѓански митинг.

Прочитајте и...  Повторно нов случај на коронавирус во Дебар

Претседателскиот кандидат Блерим Река, кој доби поддршка од БЕСА и Алијансата на Албанците денеска ќе одржи митинг во Гостивар, а завршната конвенција е најавена за 18 април во Тетово.

Во досегашната кампања меѓу клучните теми за кои кандидатите изнесуваа свои ставови беа Договорот од Преспа, перспективите за членство на државата во НАТО и ЕУ, проблемот со миграцијата на младите, но и дневно политички теми.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април, по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето во првиот круг, закажан за 21 април.
Парламентарното собрание на ОБСЕ ќе распореди речиси 50 набљудувачи, вклучувајќи и 31 пратеник во земјава следната недела за претседателските избори.

Претседавачот на ОБСЕ го назначи францускиот парламентарец Серејн Мауборн за специјален координатор кој ќе ја води краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ. Австрискиот парламентарец Реинхолд Лопатка, пак, ќе ја предводи делегацијата на набљудувачи од Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Прочитајте и...  Чулев: Големата бројка на лица кои се носители на вирусот е факт кој не смееме да го игнорирамe

Прочитај повеќе

Индија ја стигна Италија по бројот на заразени од коронавирусот

Слободен печат

Г-20 издвои повеќе од 21 милијарда долари за борба против коронавирусот

Слободен печат

Минеаполис донесе забрана за задушување на лице за време на приведување

Слободен печат

Кина пријави три нови увезени случаи на Ковид-19

Слободен печат

Хаос во Мексико: Приведени полицајци за смртта на млад човек во полициски притвор (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Болсонаро со закана до СЗО, над 35.000 починати од Ковид-19 во Бразил

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Парли: Француските вооружени сили го убија шефот на Ал Каеда во северна Африка

Слободен печат

Трудо на протест против расизмот, клекна во знак на солидарност

Слободен печат

Фејсбук започна да ги означува страниците создадени од кинески и руски државни медиуми

Слободен печат

Ахмети посака Албанец за премиер, СДСМ порача дека со овој услов ДУИ нема да бидат дел од владината коалиција

Слободен печат

Активни 1.009 случаи на коронавирус во земјава, очекувањата се вториот бран кратко да трае

Слободен печат

Втор ден карантин за четири града, Филипче повика граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита

Слободен печат