Викендов нема скијање на битолскиот ски-центар Нижо Поле

Едноставно, ги замолуваме љубителите на скијањето овој викенд да останат дома, истакна Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево”-Битола. 

ЈП „Стрежево”-Битола кое стопанисува со ски-центарот „Нижо Поле”, кој се наоѓа над истоименото наслено место, соопштува дека викендов нема да биде дозволено скијање во зимско-туристичкиот центар.

Од претпријатието посочуваат дека и покрај новиот снег и високата снежна покривка, сепак заради заедничката битка против ширењето на вирусот КОВИД-19, скијањето нема да биде дозволено, ски лафтовите и чајџилницата нема да работат, а нема да бидат подготвени за скијање ниту ски патеките.

-Едноставно, ги замолуваме љубителите на скијањето овој викенд да останат дома, истакна Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево”-Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот