Викендов богата програма на „Summerland”

Во рамки на фестивалот „Summerland” во Градски парк, денеска и утре ќе се одржат неколку настани и музички перформанси.

Денеска во текот на денот е предвидена детска програма. Од 17:00 часот влезот во Зоолошка градина во Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18:00 часот посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк”, возејќи се на вовче. Вечерта од 22:00 часот на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена јабука”.

Утревечер од 19:00 часот децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ „Карпош” и интерактивната боенка „ЗОО Азбука”, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21:00 часот на главната сцена ќе настапи рокенрол бендот „Културно уметнички работници”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот