Викендот три физички напади во Демир Капија, Кавадарци и Неготино

СВР Велес бележи три пријавени физички напади викендот во Демир Капија, Кавадарци и Неготино, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во  саботата околу 16.50 часот во Демир Капија, кај место викано „Грчки мост”, деветнаесет годишник физички нападнал дваесет годишен, двајцата од Демир Капија. Истиот ден во 20.30 часот во Полициската станица Кавадарци, И.М.(22) од Кавадарци пријавил дека околу 17.30 часот  во Кавадарци бил физички нападнат од неговиот сосед Г.Т.(69).

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека Д.П.(31) и П.М.(31) физички го нападнале Л.Ѓ.(32), сите од Неготино.

По целосно документирање на случајот ќе бидат  поднесени соодветни  пријави

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот