Викендот е пред вас, не водете љубов набрзина! Зачинете ја страста на поинаков начин!

Доста со водењето љубов набрзина. Истражувањата покажуваат дека галењето после сексуалниот чин е неопходно со причина. Паровите кои се галат после сексуален однос се многу позадоволни од својот сексуален живот за разлика од оние кои после секс сами прават нешто друго.

Всушност, галењето после водењето љубов многу повеќе влијае на односот отколку самиот секс. Истражување спроведено на 670 испитаници, според кое научниците заклучиле дека луѓето кои после водење љубов останале во кревет заедно уште 15 минути и се галеле биле многу позадоволни од оние што имале само предигра и секс. Затоа, врз основа на ова истражување, ви препорачуваме:

1. Останете во кревет уште 15 минути. Наместо после водењето љубов да одите под туш или да продолжите со чистење на куќата, галете се со партнерот уште 15 минути. Така ќе бидете многу позадоволни од вашиот сексуален живот.

2. Изразете ги своите чувства. Не морате да си кажувате колку многу умирате од љубов, но после сексот разговарајте за чувствата и убаво е да му кажете на партнерот дека го сакате. Секој сака да го чуе тоа, особено после водење љубов.

принтскрин

3. Останете поврзани. Не само емоционално, туку и физички. Допирајте се со рацете, играјте со нејзината коса, галете го по грбот… Нема да верувате колку посреќни, поисполнети и позадоволни од сексуалниот живот ќе бидете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот