Викенд хороскоп (13-16 мај): Спремете се за трансформација

The Money Changer and His Wife - Quentin Matsys (1514)

Викендов се случуваат неколку астролошки настани. Месечината се сместува во знакот на Вагата во петок, додека на 16-ти влегува во знакот на Скорпија и повикува на трансформација.

Овен

И Вагата и Месечината во Скорпија се фокусираат на посветените врски, а затемнувањето на Месечината укажува на интимност и заеднички ресурси. Расправија нема да помогне да се разрешат несогласувањата меѓу вас и вашиот партнер, но сочувството и слушање можат. Сè додека и двајцата се грижите за тоа како другиот се чувствува и сте спремни да направите отстапки, може да завршите позаљубени од порано.

Бик

Месечината во Вага во петок ве поканува да се грижите за себе и да ги прифатите сите промени во вашиот животен стил кои ќе го подобрат вашето здравје и благосостојба. Месечината во Скорпија ја фокусира својата трансформативна енергија на вашата седма куќа на партнерство и посветеност, нудејќи ви можност да ја продлабочите врската што ја имате со саканата личност – ако сте спремни да ги отстраните емоционалните блокади меѓу вас.

Близнаци

Месечината во Вага во петок е во вашата петта куќа на креативноста и страста во тројката со Сатурн, помагајќи ви да ги претворите идеите во реалност. Месечината во знакот на Скорпија и затемнувањето инсистираат да го испитате вашиот живот, вклучувајќи ги вашите навики, начин на живот, здравје, работа и општата благосостојба. Треба да имате јасна идеја за тоа што функционира во однос на она што навистина треба да го промените. Нема да можете да избегате од трансформацијата, затоа не обидувајте се.

Рак

Месечината во Вага ја осветлува вашата четврта куќа на домот, а тригонот од Месечината до Сатурн ви помага да ги завршите работите, овозможувајќи ви разрешување на застарените проекти. Месечината во знакот на Скорпија и затемнувањето ја фокусираат трансформирачката енергија во вашата петта куќа на креативноста, страста и романтиката. Ако имате емоционални блокади што ви стојат на патот на вашата креативност и емотивни односи, овие транзити ќе ви помогнат да ги исчистите.

Јупитер во Овен: Станувате семоќни и полни со ентузијазам!

Лав

Месечината во Вага сјае во вашата трета куќа на комуникацијата, врските и заедницата во петок, а тригонот со практичен Сатурн ви помага да ги завршите проектите и заостанатите работи. Месечината на Скорпија и еклипсата фокусираат моќна трансформативна енергија на вашиот дом и семеен сектор. Може да има бура или две додека не исчезне старата емоционална енергија. Се отвора ново поглавје во животот.

Девица

Месечината во Вага ги осветлува вашите финансии во петок, а тригонот со Сатурн е идеален за решавање на сите деловни и финансиски прашања. Во сабота и недела, Месечината во Скорпија и затемнувањето ја фокусираат трансформативната енергија на комуникација, поврзаност и заедница. Имате можност да го прегледате, а потоа да обновите како комуницирате со оние околу вас, вклучувајќи ги браќата и сестрите, соседите и вашата заедница.

Вага

Во петок Месечината свети во вашиот знак, осветлувајќи ја вашата самодоверба и социјална природа. Месечината во знакот на Скорпија и затемнувањето во сабота и недела ви го насочуваат вниманието на безбедносните прашања заедно со вашите лични финансии. Можете лесно да видите што работи финансиски во вашиот живот, а што не. Откако ќе ја стекнете таа свест, можете да започнете да преземате чекори за да ја поправите.

Скорпија

Месечината во Вага во петок се фокусира на вашите соништа и духовни практики, додека тригонот со Сатурн додава малку практично водство на таа комбинација на емоции. Во сабота и недела, Месечината во вашиот знак ја осветлува вашата прва куќа, зголемувајќи ја вашата чувствителност. Затемнувањето на Месечината е особено трансформативно: ако сакате да ги продлабочите добрите навики или да се ослободите од лошите, ова е вашата шанса.

Стрелец

Месечината во Вага го осветлува вашиот сектор на пријателства и социјални настани, затоа планирајте да поминете време со членовите на вашето семејство во петок. Во сабота и недела, Месечината во Скорпија и затемнувањето се фокусираат на вашата дванаесетта куќа на соништата и мистичните работи. Вашите психички и интуитивни способности ќе бидат епски. Трансформација е клучна за време на овој транзит, затоа разјаснете ги улогите што ги играте, како и улогите на луѓето во вашиот живот.

Јарец

Месечината во Вага во петок ја осветлува вашата десетта куќа на кариера, и тригонот со вашата владејачка планета Сатурн, ве прави особено надарени и среќни на деловен план. Месечината во Скорпија и затемнувањето ја фокусираат својата трансформативна моќ на вашата единаесетта куќа на пријателството. Очекувајте промени во таа област од вашиот живот, оставете да се развиваат работите во свое време бидејќи промените се на пат.

Ретроградниот Меркур ќе го подобри љубовниот живот на три хороскопски знаци

Водолија

Месечината во Вага во петок ве кани да се впуштите во авантура, додека тригонот со Сатурн ви помага да разберете што и како да правите. Во сабота и недела, Месечината во Скорпија и затемнувањето ја фокусираат својата трансформативна моќ на вашата кариера. Ако има работи што треба да ги промените, ова е можност тие промени да се случат.

Риба

Месечината во Вага ја осветлува вашата осма куќа на скриени таленти и психички способности, а тригонот со Сатурн се однесува на практичната магија и нејзината способност длабоко да влијае на животите. Во сабота и недела, Месечината на Скорпија и затемнувањето ја фокусираат својата моќ на трансформација на повисокиот ум, проширувањето и авантурата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот