3.9 C
Скопје

Вијести: Владата на Црна Гора без лидерот на Демократскиот фронт

Мандатарот за состав на црногорската влада Здравко Кривокапиќ му рече на лидерот на Нова српска демократија Андрија Мандиќ дека за него, како ни за лидерот на Демократската народна партија и Движењето за промени, нема место во идната влада, пишуваат подгорички Вијести.

Весникот наведува дека Кривокапиќ го пофалил придонесот на Мандиќ, Милан Кнежевиќ и Небојша Медојевиќ против власта на Мило Ѓукановиќ но и рече дека на идната влада и треба „поинаков профил на личности“.

Според истите сознанија, Кривокапиќ таквата позииција ја образложил со ветувањето кое им го дал на гласачите на новото мнозинство дека после 30-годишното владеење на парититократијата на Демократската партија на социјалистите (ДПС), ќе му понуди на Парламентот, пред се стручна влада, но и политички јасно дефинирана како антирежимска и проевропска.

Прочитајте и...  Една година без рак: Тенка е линијата помеѓу животот и смртта, вели Кристијан

Кривокапиќ денеска на Твитер порача дека ниту една партија од победничката коалиција не се исклучува од процесот на формирање на влада, но дека инсистирањето на поединци од тие коалции не е во интерес ниту на граѓаните ниту на државата.

„Црна Гора ја чекаат тешки и историски предизвици кои само владата со експертски карактер може да ги надмине“, рече Кривокапиќ.

Мандиќ навести дека во разговорите со коалиционите партнери би можел да бара нов мандатар.

(Извор: Вијести.ме)

Кривокапиќ: Инсистирањето на поединци во идната Влада не е во интерес на државата

Поврзани вести

ВИДЕО+ФОТО: На Италијанците не им е дозволено да ги преминат границите за Божиќ

Слободен печат

Најпродаваната книга во Италија содржи само празни страници

Слободен печат

ВИДЕО кое ги мобилизираше добрите луѓе: Учениците Мите и Катерина од село Стрновац ќе добијат компјутери за настава

Слободен печат

„Коха“: МСП на Косово ги снабдува амбасадите со знамиња на ОВК

Слободен печат

Португалија ги олеснува мерките за Божиќ, но не и за Нова Година

Слободен печат

ВИДЕО: Филипче убедува дека изборите во Штип ќе бидат целосно безбедни по здравјето на граѓаните

Слободен печат

Остави Коментар