„Вијести”: Кривокапиќ ја најави новата црногорска влада до петок

Здравко Кривокапиќ / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Мандатарот за состав на новата црногорска Влада, Здравко Кривокапиќ изјавил дека комплетниот состав на владата ќе биде познат до петок и оти ќе ги испочитува роковите да достави предлог за состав и експозе до парламентот на три дена до седницата, пишува црногорскиот весник „Вијести”.

Според весникот, Кривокапиќ повторил дека за министри за одбрана и за внатрешни работи има по тројца кандидати.

„Вијести” додава дека мандатарот не сакал да потврди дали лидерот на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ сè уште е кандидат за министер за внатрешни работи, но, додава дека тој потврдил дека ќе биде потпретседател на владата.

– Неговата нова улога ќе биде да ги координира сите сектори на безбедносната структура. Постојат три дела, еден во рамките на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), вториот во полициската управа и третиот во врска со Министерството за одбрана и военото разузнавање, рекол Кривокапиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот