Виганд: Брисел не е задоволен со одлуките за затворање на внатрешните граници во ЕУ

Знамето на Европската унија
Знамето на Европската унија / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европската Комисија со големи резерви ги дочека одлуките на некои земји членки, како Германија и Белгија, да ги затворат делумно или целосно своите граници поради коронавирусот, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Според Европската Комисија, загрижува непочитувањето на принципот на пропорционалност во овие одлуки.

Портпаролот во Комисијата за правда, Кристијан Виганд попладнево изјави дека во случајот на Белгија во тек се контакти помеѓу белгиските власти и Европската Комисија, која изразила загриженост за некои од белгиските одлуки.

-Доколку биде потребно Комисијата “ќе преземе мерки” рече Виганд.

Белгија, како и Германија, одлучи да ги забрани “несуштинските” патувања, но се чини дека согласно законодавството на ЕУ овие мерки не ги почитуваат правилата одредени од страна на земјите членки.

Белгија засега планира оваа забрана да трае до први април, но можно е да се олеснат мерките во текот на март, доколку тоа го дозволат бројките на заразени и хоспитализирани. Засега епидемијата е под релативна контрола во Белгија и, за разлика од други земји, бројките се намалуваат и нема најава за трет бран.

Препораките на Европската Комисија не се правно обврзувачки, се бранат белгиските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот